156
Последниот натпревар од 16. коло во Серија А донесе голема драма. Каљари поведе против Лацио веќе во 8. минута, Симеоне одлично се снајде и биеше неодбранливо за 1-0.
Домаќините потоа умешно ја чуваа позитивата и кога се чинеше дека ќе стигнат до победа, се случи пресврт за паметење.
Луис Алберто изедначи на 1-1 во 93. минута, Шпанецот прецизно биеше по земја од врвот на шеснаесетникот. Овој гол ги осоколи гостите кои силно притиснаа и во 98. минута Каиседо со глава донесе големо славје.
Со овој триумф, Лацио се доближи на само три бода до водечките Интер и Јувентус.