Спектакл на
Енфилд во Лига Купот, Ливерпул и Арсенал одиграа драматичен меч со дури десет
гола. „Топчиите“ имаа предност од 2-4 по десетина минути игра во вториот дел,
но со погодокот на Ориги длабоко во надополнувањето, домаќините се изборија за
пенали.
Таму, избраниците
на Клоп останаа поприсебни, ги реализираа сите пет обиди а Себаљос беше
трагичар за Арсенал и единствениот кој не погоди од белата точка
Гол-шоуто почна
во 6. минута кога Мустафи ја затресе сопствената мрежа, но Арсенал брзо го
сврте резултатот. Тореире изедначи на 1-1. а Мартинели два пати погоди за 1-3,
а пред крајот на првиот дел, Милнер од пенал реализираше за 2-3.
Мејтланд Најлс во
54. минута зголеми на 2-4, за потоа да следуваат два брзи гола на домаќините
преку Окс и Ориги. Вилок го врати Арсенал во предност во 70. минута, а во 94.
минута, Ориги изедначи на 5-5.