Љуботен без примен гол третпат во низа го освои Купот на Македонија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерките на ЖФК Љуботен го освоија својот трет трофеј во Купот на Македонија, откако ја совладаа екипата на Тиверија Брера со 3-0 на мечот во Скопје.

Тетовчанки трета година во низа се шампионки во Купот, откако во претходните две изданија ја совладуваа екипата на Каменица Саса. Овојпат до финалето стигна Тиверија, меѓутоа немаше сили за изненадување против фаворитките. Љуботен има шанса трета година во низа да стигне и до двојна круна во женскиот фудбал.

Што се однесува до натпреварот, херој на Љуботен беше нигериската напаѓачка Огочукву Охадиле која ги постигна првите два гола. Нигеријката стрелаше во последната минута од првиот дел, како и во 49. минута на стартот од продолжението.

Точка на победата стави Ева Величковска во завршницата на средбата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×