81
Италијанскиот вицепрвак Рома дојде до првите три бода во
групата „Ц“ од Лигата на шампионите, откако во второто коло славеше на
гостувањето кај аутсајдерот Карабах со 1-2.
Гостите тргнаа убедливо, со двата гола во серија,
најнапред на Манолас во 7. mинута, а потоа и Џеко во 15. mинута дојдоа до
водство од 0-2, и уште во овој период од средбата најавија победа.
Сепак, домаќините при една грешка на Ганолонс во 28. mинута намалија
на 1-2 и внесоа мала неизвесност на овој натпревар, но тоа беше и конечниот
исход на мечот кој се одигра во Баку.
Во истата група вечерва (20,45) Атлетико Мадрид на
домашен терен го пречекува Челси.
Фото-вест: uefa.com