ЛШ: Рома и Челси најавуваат нова голеада, Ди Франческо и Конте ги отворија картите

by
5 минути читање

Вечерва во стандардниот термин од 20 часот и 45 минути се
играат осум средби во четири конкуренции од четврото коло во елитното европско
клупско натпреварување.

Веќе групите влегоа во онаа исклучително главна фаза на
надигрување каде грешките не се дозволени, па така ќе биде и на дербито на
вечерта каде Рома на домашен терен го пречекува Челси во групата „Ц“.

Во претходното коло на мечот во Лондон двете екипи
одиграа мошне возбудлив натпревар кој заврши со реми од 3-3, а шесте гола се
добра увертира и за вечерашната пресметка..

Италијанските фудбалски стратези Ди Франческо и Антонио
Конте ги отворија картите, па можеме да ги проследиме и почетните состави на
обете екипи. Рома е нешто подефанзивна во однос на Челси, и двете екипи играат
со тројца напаѓачи, но италијанскиот вицепрвак ќе игра со четворица дефанзивци,
за разлика од шампионот на Англија кој ќе игра со тројца во одбраната.

Рома: Бекер, Наинголан, Жесус, Стротман, Пероти, Џеко, Коларов,
Де Роси, Фацио, Флоренци  и Ел Шарави.

Челси: Куртоа, Рудигер, Алонсо, Фабрегас, Мората, Азар, Педро,
Бакајоко, Кејхил, Азпиликуета и Луиз.

Вон комбинација за настап кај домаќините се Дефрел и
Манолас, додека кај гостите единствено Канте. Мечот во Рим ќе го суди шведскиот
арбитар Јонас Ериксон.

Во оваа конкуренција Челси е прв на табелата со седум
бода, пред Рома која заостанува два бода. Атлетико Мадрид на домашен терен
вечерва против Карабах може да дојде до првата победа во оваа група каде
моментално има само два освоени бода, а азербејџанскиот претставник има еден
освоен бод токму во претходното коло на домашен терен против шпанскиот тим.

 

ПОЧЕТНИТЕ СОСТАВИ ЗА ВЕЧЕРАШНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Група „А“

Манчестер јунајтед – Бенфика

Базел – ЦСКА Москва

Група „Б“

Селтик – Баерн Минхен


ПСЖ – Андерлехт

 

Група „Ц“

Рома – Челси


Атлетико Мадрид – Карабах

Група „Д“

Олимпијакос – Барселона


Спортинг Лисабон – Јувентус

Извор: uefa.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани