ЛШ: Реал Мадрид славеше во Дортмунд, Ливерпул повторно ремизираше, Кејн и Бен Једер најрасположени за голови (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Во дуелот на вечерта Реал Мадрид триумфираше со 1-3 на
гостувањето кај Борусија Дортмунд во рамките на групата „Ф“, а домаќините по се
се чини дека ќе
упатат големи критики кон арбитражата на мечот поради ситуацијата во која
Рамос играше со рака во казнениот простор на гостите.

Бранителот на европскиот трон прв поведе во  Дортмунд и тоа со прекрасниот погодок на Бејл
во 18. минута, со овој резултат се замина на паузата.

По само пет минути игра во вториот дел Роналдо зголеми на
0-2 по што победата се надзираше, а мала неизвесност на дербито внесе Обамејанг
со својот гол во 54. минута од мечот. Роналдо со својот втор гол на мечот, овој пат во 79. минута ги постави конечните 1-3.

Од останатите средби вечерва ја бележиме убедливата
победа на Тотенхем кај АПОЕЛ со 0-3 во истата група, а англискиот премиерлигаш
дојде до триумфот благодарение на блескавата партија на Хари Кејн зачинета со
хет-трик.

Ливерпул дојде до второ реми од исто толку и натпревари во
групата „Е“, па ќе се задоволи со бод од гостувањето кај Спартак Москва (1-1) во самата завршница Салах промаши чист зицер по една нафрлена топка, офанзивецот на Редсите биеше со глава само во рацете на домашниот голман,
а во истата група Севилја ја оправда фаворитската улога  против Марибор (3-0).

Триумф забележа Бешикташ над Лајпциг (2-0), како и
Манчестер Сити над Шахтјор (2-0), а до победа дојдоа и Наполи над Феенорд (3-0),
како и Порто на гостувањето кај Монако (0-3).

Она што е интересно, вечерва се постигнаа два хет-трика,
оној на Кејн против АПОЕЛ, како и трите погодоци на Бен Једер против Марибор.

 

Резултати и сите погодоци од вечерашните натпревари:

Група „Х“

Борусија Дортмунд – Реал Мадрид 1:3 (Бејл 18’, Роналдо 50’, 79’, Обамејанг 54’)

АПОЕЛ – Тотенхем 0:3
(
Кејн 39’, 62’, 67’)

 

Група „Ц“

Монако – Порто 0:3 (Абубакар
30
’, 69’, Лајун 89′)



Бешикташ – Лајпциг 2:0 (Бабел 10’, Талиска 45’) 

 

Група „Ф“

Манчестер Сити – Шахтјор 1:0 (Де Брујн 48’)


Наполи – Феенорд 3:0 (Инсиње 7’, Мертенс 49’, Калјехон 70)

 

Група „Е“

Спартак Москва – Ливерпул 1:1 (Фернандо 22’, Кутињо 31)

Севилја – Марибор 3:0 (Бен Једер 27’, 38’, 83’)

 

Фото-вест: uefa.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×