ЛШ, полувреме: Ливерпул со капитална предност над Севилја, Лајпциг го „почести“ Монако со четири гола засега (ВИДЕО)

by
6 минути читање

Ливерпул има убедливо
водство од 0-3 по првите 45 минути игра на гостувањето кај Севилја во рамките
на групата „Е“.

Фирмино ги доведе
гостите во почетно водство од 0-1 уште во 2. минута, а на 0-2 зголеми Мане во
22. минута. Фирмино со својот втор гол во првото полувреме, овој пат во 30. минута
зголеми и на 0-3 и навести катастрофа за Севилја во директната битка за првото
место во оваа конкуренција.

Моментално, Ливерпул со
11 бода е сигурен на првото место, четири повеќе во однос на Севилја која и
претстои битка за второто место заедно со Спартак Москва (6) која испушти
победа во самата завршница во дуелот со Марибор.

Монако продолжува со
катастрофалните изданија во Лигата на шампионите, па тргна со смешен автогол на
Џемерсон во 6. минута на домашен терен против Лајпциг, а гостите во продолжение
со двата гола на Вернер, три минути подоцна и во 31. минута од пенал зголемија
и на 0-3.
Фалкао
на две минути пред крајот на првиот дел намали на 1-3 а гостите со голот на
Кеита веднаш возвратија за 1-4.

Победа
на Лајпциг му носи одлична прилика за битка со Порто во последното коло за
второто место во конкуренцијата „Г“ каде прв дефинитивно завршува Бешикташ.
Порто и Лајпциг моментално имаат по седум бода, Монако и дефинитивно нема
никакви прилики ниту за третото место.

РЕЗУЛТАТИ И ГОЛОВИ ОД
ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

 

Група „Е“

Спартак Москва – Марибор 1:1 (извештај – ТУКА)

Севилја – Ливерпул 0:3 (Фирмино
2
, 30’, Мане 22’)

 

Група „Ф“

Манчестер Сити – Феенорд 0:0

Наполи – Шахтјор 0:0

 

Група „Г“

Бешикташ – Порто 1:1 (извештај – ТУКА)

Монако – Лајпциг
1:4 (Џемерсон
/автогол/ 6
, Вернер 9, 30, Фалкао 43’, Кеита 45′)


Група „Х“

Борусија Дортмунд –
Тотенхем
1:0 (Јармоленко
30’)

АПОЕЛ – Реал Мадрид 0:4 (Модриќ 23’, Бензема 39′, 45′, Начо 41′)




Фото-вест:
uefa.com
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани