Дури четири од шесте
средб кои се играат во стандардниот термин во 20 часот и 45 минути се без
голови по првото полувреме, така е и на дербито на вечерта каде Јувентус на домашен терен ја
пречекува Барселона.
Следиме речиси израмнет
натпревар, а тоа го докажува и статистиката каде гостите имаат поголем посед на
топката. Ракитиќ при една нафрлена топка ја погоди стативата од домаќините и
тоа беше најсериозната прилика за гол.
ПСЖ на изненадување на
многумина уште во првата минута тргна со негатива на домашен терен против
Селтик, а голот за гостите го постигна Дембеле.
Набргу потоа на сцена
настапи триото на ПСЖ, Нејмар во два наврати направи пресврт за 2-1, а потоа
погодија Кавани и Мбапе за 4-1 на полувремето од овој меч.
Од останатите средби го
бележиме водството на Спортинг Лисабон против Олимпијакос од 2-0. Дост беше
стрелец на водечкиот гол за домаќините кои преку Цесар во самиот финиш на
првиот дел зголемија и на 2-0. Стефан Ристовски е на клупата за резерви во таборот на домаќините.
РЕЗУЛТАТИ И ГОЛОВИ ОД
ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ
Група „А“
ЦСКА Москва – Бенфика 2:0 (извештај
– ТУКА)
Базел – Манчестер јунајтед 0:0
Група „Б“
ПСЖ – Селтик
4:1
(Дембеле 1’, Нејмар 9’, 22’, Кавани 30’, Мбапе 35’)
Андерлехт – Баерн Минхен 0:0
Група „Ц“
Карабах – Челси 0:4 (извештај
– ТУКА)
Атлетико Мадрид – Рома
0:0
Група „Д“
Спортинг Лисабон –
Олимпијакос 2:0 (Дост 40’, Цесар 43’)
Јувентус – Барселона 0:0
Фото-вест:
uefa.com