ЛШ: Од готово – вересија, Ливерпул прокоцка победа над Севилја, Наполи со лекција по модерен фудбал за Шахтјор (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Едно добро, едно лошо
полувреме одигра Ливерпул на гостувањето кај Севилја во директната пресметка
помеѓу овие две екипи за првото место во групата „Е“, пресметка која на крајот
заврши со реми со резултат 3-3.

Гостите со двата гола на
Фирмино и еден на Мане имаа капитална предност од 0-3 по првите 45 минути, но
во второто полувреме доживеаа шок.

Бен Једер со два гола во
серија во само девет минути ја стопи предноста на Ливерпул, а во самиот финиш
Пизаро израмни на 3-3. Ливерпул има бод предност во однос на Севилја на едно
коло до крајот. Шпанците пак имаат два бода предност во однос на Спартак Москва
(6) која во самиот финиш од мечот против Марибор испушти триумф. Словенечкиот
претставник има два бода засега.

Севилја гостува кај
Марибор, додека пак Спартак Москва кај Ливерпул во последното коло од групната
фаза.

Наполи се фати за сламка
спас во групата „Ф“ и успеа да слави на домашен терен против Шахтјор убедливо
со 3-0, а головите за домаќините ги постигнаа Инсиње, Зјелински и Мертенс,

Со оваа победа Наполи
сега има три бода негатива во однос на Шахтјор (9), во последното коло гостува
кај Феенорд кој засега е без бодови во оваа конкуренција, додека пак
украинскиот претставник на домашен терен ќе го пречека Манчестер Сити кој има
максимални пет победи.

 

РЕЗУЛТАТИ И ГОЛОВИ ОД ВЕЧЕРАШНИТЕ
НАТПРЕВАРИ

 

Група „Е“

Спартак Москва – Марибор
1
:1 (извештај – ТУКА)

Севилја – Ливерпул 3:3 (Фирмино
2
, 30’, Мане 22, Бен Једер 51’,
60’
, Пизаро 90′)

 

Група „Ф“

Манчестер Сити – Феенорд
1:0 (Стерлинг
88’)


Наполи – Шахтјор
3:0
(
Инсиње 56‘,
Зјелински 81’, Мертенс 83’)

 

Група „Г“

Бешикташ – Порто 1:1 (извештај – ТУКА)

Монако – Лајпциг
1:4
(
Џемерсон /автогол/ 6, Вернер 9, 30, Фалкао 43’, Кеита 45’)

 

Група „Х“

Борусија Дортмунд –
Тотенхем
1:2 (Обамејанг
30’,
Кејн 49’, Сон 76’)


АПОЕЛ – Реал Мадрид 0:6
(
Модриќ 23’,
Бензема 39’, 45’, Начо 41, Роналдо 49’, 54’)

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×