1,2K
Монако прв поведе на
гостувањето кај Бешикташ во Истанбул и тоа во финишот од првото полувреме, со
голот на Рони Лопес.
Сепак, домаќините
израмнија со голот на Тосун од пенал во 54. минута од пенал, а резултатот од
1-1 остана до крајот на оваа средба во четвртото коло од групата „Г“.
Со овој резултат,
Бешикташ останува лидер во групата со десет освоени бода, Лајпциг е втор со
четири, еден повеќе од Порто, додека пак Монако е последен со два бода од
досегашните четири натпревари.
Во стандардниот термин
од 20 часот и 45 минути се среќаваат Порто – Лајпциг.
Фото-вест: uefa.com