166
Составот на
Шкендија за фудбалери до 19 години забележа дебакл на гостувањето кај
соодветниот состав на Динамо Киев во првата рунда од квалификациите во Лигата
на шампионите.
Младиот состав на тетовските „црвено-црни“ забележа пораз од дури 8-0, а само до паузата домаќинот имаше
предност од 4-0, што навестуваше дебакл за нашиот претставник.
Менсур Јакупи се
реши за следниот почетен состав: Амзаи, Реџепи, Беќири, Јакупи, Фетаи, Реџепи, Зубер, Синани, Мурати, Адеми
и Спахиу. Играа уште и Ракипи, Гаши, Али, Елези и Нуредини.
Реванш
пресметката се игра во Скопје на 23. октомври со почеток од 15,00 часот, но тоа
ќе биде само една чиста формалност за обете екипи.