ЛШ: Левандовски му донесе предност на Баерн против ПСЖ, Јувентус поведе во Атина, Базел во Лисабон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баерн Минхен има тешка
задача да го освои првото место во групата „Б“ но тргна со водство од 1-0
против ПСЖ, а двете екипи се изедначени моментално во оваа конкуренција според
бодовите (15).

Стрелец на водечкиот гол
за домаќините е Левандовски во 8. минута, Бундеслигашот мора да победи со
четири гола позитива ако сака како првопласиран од оваа група да патува во
осминафиналето..

Од останатите средби
Базел поведе со 0-1 на гостувањето кај непрепознатливата Бенфика која нема ниту
еден освоен бод во групата „А“. Елионуси уште во 5. минута погоди за
Швајцарците кои моментално со ова водство го презедоа второто место во групата.
ЦСКА Москва само со победа во овој случај кај Манчестер јунајтед може да го
врати второто место.

Јувентус поведе на
гостувањето во Атина кај Олимпијакос со 0-1 со голот на Квадрадо во 15. минута.
Со ова водство европскиот вицепрвак со 11 бода има три бода предност во однос
на Спортинг Лисабон кој моментално има нерешен резултат без голови кај
Барселона.

Фото-вест: uefa.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×