Вечерва нови возбудувања од елитното европско клупско
натпреварување, дербито на вечерта се чини дека се игра во Лондон, каде
англискиот првак Челси пред своја публика ќе ги одмери силите со италијанскиот
вицешампион Рома, во рамките на групата „Ц“.
Во оваа група Челси има максимален ефект од победи,
додека Рома е втора на табелата со четири бода, односно една победа и едно
реми, Атлетико Мадрид е засега со еден освоен бод, а Карабах е без бодови.
Веќе се познати и почетните состави за пресметката во
Лондон.
Челси: Куртоа, Алонсо, Фабрегас, Мората, Азар, Бакајоко,
Ѕапакоста, Кејхил, Кристенсен, Азпиликуета и Луиз.
Рома: Бекер, Наинголан, Жесус, Стротман, Пероти, Џеко,
Коларов, Фацио, Гоналон, Перес и Герсон.
Во редовите на домаќините повредени се Канте, Мојсес и
Дринквотер, кај гостинскиот табор поради повреда вон комбинација ќе бидат Шик,
Дефрел и Манолас, кај обата табора нема суспендирани фудбалери за вечерашната
пресметка.
Дури шестмина дефанзивци се најдоа во почетниот состав кој вечерва на теренот ќе го изведе италијанскиот фудбалски стратег Антонио Конте.
Во дефанзивната линија ќе се најдат капитенот Кејхил како
лев бек, Азпиликуета како десен, односно Кристенсен како централен дефанзивец. Бакајоко
ќе игра нешто понапред, веднаш пред дефанзивата, а истото важи и за Алонсо кој
ќе игра по левата страна од средината на теренот. Давид Луиз ќе биде во
средината на теренот.
Ќе издвоиме и дека единствениот Македонец во Лигата на
шампионите оваа сезона, Стефан Ристовски не се најде ниту на клупата за
резервни фудбалери кај Спортинг Лисабон за гостувањето во Торино кај Јувентус.
Група „А“
Бенфика – Манчестер јунајтед

ЦСКА Москва – Базел

Група „Б“
Баерн Минхен – Селтик

Андерлехт – ПСЖ

Група „Ц“
Јувентус – Спортинг Лисабон
Челси – Рома

Група „Д“
Барселона – Олимпијакос

Карабах – Атлетико Мадрид 0:0 (играа од 18 часот)
Извор/Фото-вест: uefa.com