Јувентус – Барселона,
тоа е мечот каде ќе бидат вперени очите на големите фудбалски фанови вечерва.
По убедливиот триумф
пред своја публика од 3-0, Барселона сега има тешка задача во Торино, особено
по киксот на гостувањето кај Олимпијакос откако одигра без голови и за момент
го стави под знак прашалник првото место во оваа конкуренција.
Веќе се познати
почетните состави на обете страни, а најголемо изненадување доаѓа од тоа што
првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси мечот во Торино ќе го почне од клупата
за резервни фудбалери.
Јувентус: Буфон, Бенатија, Пјаниќ, Кедира, Квадрадо, Игуаин,
Дибала, Кошта, Сандро, Барзаљи и Ругани.
Барселона: Тер
Штеген, Семедо, Пике, Ракитиќ, Бускетс, Иниеста, Суарез, Паулињо, Деулофеу,
Диње и Умтити.
Во мини-дербито на
вечерта Атлетико Мадрид на домашен терен го пречекува тимот на Рома, по несреќниот
пораз во Рим, избраниците на Диего Симеоне освен победа, немаат никаков друг
избор против италијанскиот вицепрвак кој со бод од ова гостување ќе го
осигураат второто место во оваа конкуренција, а во последното коло ќе водат
битка и за првото.
Рома со поофанзивна
поставеност во играта ќе атакува на поволен резултат од гостувањето во Мадрид.
Атлетико Мадрид: Облак, Луис, Партиј, Коке, Гризман, Њигез, Торес,
Караско, Фернандез, Ернандез и Хименез.
Рома: Бекер, Наинголан, Пелегрини, Пероти, Џеко, Коларов,
Фацио, Гоналон, Перес, Жерсон и Манолас.
Од останатите натпревари
ќе издвоиме и дека нашиот единствен претставник во Лигата на шампионите оваа
сезона, Стефан Ристовски мечот за Спортинг Лисабон против Олимпијакос на
домашен терен ќе го почне од клупата.
ПОЧЕТНИ СОСТАВИ ЗА
ВЕЧЕРАШНИТЕ НАТПРЕВАРИ
Група „А“
ЦСКА Москва – Бенфика 2:0 (извештај – ТУКА)
Базел – Манчестер јунајтед

Група „Б“
ПСЖ – Селтик

Андерлехт – Баерн Минхен

Група „Ц“
Карабах – Челси 0:4 (извештај – ТУКА)
Атлетико Мадрид – Рома

Група „Д“
Спортинг Лисабон –
Олимпијакос

Јувентус – Барселона

Извор/Фото-вест:
uefa.com