Барселона го доби дербито на вечерта,
откако славеше со убедливи 3-0 на домашен терен против Јувентус, во првото коло
од групата „Д“.
Првата ѕвезда на каталонците, Лионел Меси
беше креатор на триумфот на својата екипа, Аргентинецот во самиот финиш од
првото полувреме погоди за почетно водство, Ракитиќ во 56. минута зголеми на
2-0, додека пак Меси со својот втор гол на мечот, овој пат во 69. минута ги
постави конечните 3:0 од
натпреварот на „Камп Ноу“.
Од останатите натпревари, Челси беше
убедлив против Карабах на домашен терен славејќи со 6-0, ПСЖ благодарение на
фантастичното трио во нападот славеше на гости кај Селтик со 0-5, додека пак
Спортинг Лисабон на нашиот Стефан Ристовски со 2-3 го победи Олимпијакос на
негов терен.
Нашиот фудбалер во игра на мечот во Грција
влезе во 88. минута при 0-3 водство за неговата екипа.
Со победа во воведното коло од Лигата на
шампионите сезонава, тргнаа и Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и ЦСКА Москва.
РЕЗУЛТАТИ:
Група „А“
Манчестер
јунајтед – Базел 3:0 (Фелаини
35’, Лукаку 53’, Рашворд 84’)
Бенфика – ЦСКА
Москва 1:2 (Сеферовиќ 50’, Витињо 63’,
Жамалетдинов 71’)
Група „Б“
Баерн Минхен –
Андерлехт 3:0 (Левандовски 12’,
Алкантара 65’, Кимих 90’)
Селтик – ПСЖ
0:5 (Нејмар 19’, Мбапе 34’, Кавани 40’, Луштиг
/аг/ 83’, Кавани 85’)
Група „Ц“
Челси – Карабах 6:0
(Педро 5’, Запакоста 30’, Азпиликета 56’, Бакајоко 71’, Батшуаи 81’)
Рома – Атлетико Мадрид
0:0
Група „Д“
Барселона –
Јувентус 3:0 (Меси 45’, Ракитиќ 57’, Меси 69’)
Олимпијакос –
Спортинг Лисабон 2:3 (Думбиа
2’, Мартинс 13’, Фернандес 43’, Пардо 90’, 90’)
Фото-вест:
uefa.com