Ложата на „Филип Втори“ ќе биде полна со фудбалски легенди, доаѓа и Сер Алекс Фергусон

by
1 минути читање

На 8. август Скопје ќе биде домаќин на најатрактивниот Суперкуп на УЕФА досега, на „Филип Втори“ Арената ќе истрчаат ѕвездите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Покрај ѕвездените актери на теренот вклучувајќи ги и тренерите Жозе Мурињо и Зинедин Зидан, во Скопје ќе присуствуваат и големи легенди на светскиот фудбал.

Најдобриот тренер во историјата на Манчестер јунајтед, големиот Сер Алекс Фергусон кој цели 27 години седеше на клупата на „црвените ѓаволи“ ќе биде еден од гостите кои ќе седат во ложата на „Филип Втори“ Арената.

До него ќе биде и легендата на англискиот фудбал и човекот кој речиси целата фудбалска кариера ја помина во Манчестер јунајтед, Сер Боби Чарлтон.

За време на Суперкупот во Скопје се очекуваат повеќе од 20.000 странски гости. Тоа ќе биде најголемиот настан кој досега се случил во Македонија.

Очите на целиот свет ќе бидат свртени кон Скопје, речиси ќе нема парче на земјината топка каде нема да има пренос од натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани