Лозано: Ова беше една од најголемите победи на Мексико во историјата

by
1 минути читање

Херој на Мексико беше брзиот крилен играч Лозано кој го постигна победничкиот гол.

„Не знам дали е ова најголемата победа во историјата на Мексико, но сигурно е една од најголемите. Одлично е да се почне на десна нога, против актуелниот светски шампион. Ова е одличен резултат кој ја покажува нашата напорна работа“, вели Лозано кој беше прогласен за играч на натпреварот.

„Ова е најдобриот гол кој сум го постигнал во мојата кариера. Сите ние сонуваме да играме на Светско првенство и да почнеш на така позитивен и важен начин, мислам дека ова е мојот најдобар гол“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани