220
Вечерва од 20:30 часот Вардар ја пречекува Лозана во меч од второто квалификациско коло од Конференциската лига.
Швајцарскиот тим синоќа пристигна во Скопје, тренираше на „Градски“ и одржа прес-конференција. А преку социјалните мрежи го поздрави нашиот главен град на македонски јазик.
„Здраво Скопје“, напиша ФК Лозана на социјалните мрежи.
👋🏼 Zdravo Skopje 🇲🇰#allezlausanne #pournoscouleurs pic.twitter.com/8S0ttuHgVk
— FC Lausanne-Sport (@lausanne_sport) July 23, 2025
За нив ова е прво учество во Европа по 15 години. Последниот меч им беше на 2 декември 2010 година во групната фаза од Лига Европа против ЦСКА Москва.
Лозана е фаворит во пресметката со Вардар, на македонскиот тим е да пружи што посилен отпор и ако може да направи изненадување.