Лозана која ќе биде следниот противник на Вардар се засили со играч од Аталанта

by riste
1 минути читање

Вардар синоќа со убедливи 3-0 ја совлада Ла Фиорита од Сан Марино, тоа е пречка која црвено-црните сигурно ќе ја минат, но во второто квалификациско коло доаѓа многу посериозен противник.

Станува збор за швајцарскиот тим Лозана која е сериозна екипа, а дека е така покажува и нивното последно засилување. Утринава како нов фудбалер го промовираа Брендон Сопи.

Се работи за 23-годишен десен бек кој има дури 49 настапи во Серија А и девет натпревари во Лига 1.

Во Лозана доаѓа од Аталанта, а го носел дресот и на Удинезе и Торино во Англија, Рен во Франција и Шалке во Германија.

Аталанта во 2022 година за него платила дури 10 милиони евра за да го купи од Удинезе.

Во Лозана сега потпишал како слободен играч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×