Лозана ги моли навивачите да го наполнат стадионот за мечот со Вардар!

by riste
1 минути читање

Утре Вардар гостува кај Лозана во реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига, македонскиот тим мечот во Скопје го доби со 2-1.

Швајцарскиот тим нема голем стадион, „Де ла Тулие“ собира 12.544 гледачи, но информациите велат дека засега се продадени околу половина од билетите.

Со оглед на тоа што ќе се продаваат и уште до почетокот на мечот, тоа и не е лоша бројка за оваа фаза од натпреварувањето, но раководството на Лозана сака да се создаде жешка атмосфера.

Клубот со повик преку официјалната веб страна ги повикува фановите да купат билет и да го наполнат стадионот.

„Многумина од вас веќе одлучија вечерта во четврток да ја поминат со Лозана. За оние кои се уште се двоумат, упатуваме порака од срце: Потребни сте ѝ на Лозана. За да ја надминеме негативата од еден од еден гол против Вардар, ни треба екстра сила, ни треба нашиот 12. играч“, објави Лозана.

Клубот им ветува добри цени, жешка атмосфера и меч кој ќе биде запаметен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×