Ловрен откри каква порака добил од Клоп

by
1 минути читање

Ловрен во изминатите години е еден од најкритикуваните дефанзивци, но откако стигна до финалето со Хрватска самиот се пофали дека е еден од најдобрите.

Очигледно е дека на Ловрен тешко му паѓаа сите навреди на негова адреса, па откако со Ливерпул играше финале и со Хрватска направи неверојатен успех на Светското првенство имаше добра подлога да им врати на критичарите.

Ловрен открива дека добил порака од Јирген Клоп во која тој му пишал дека е горд на него.

„Се изненадуваш што Клоп ми прати порака. Ми рече дека е горд на тоа што сме го постигнале на Светското првенство. Знае низ што се поминав“, изјави Ловрен.

„Јирген е навистина добар човек и во најтешките моменти секогаш беше со мене. Го ценам тоа и му благодарам што ми прати порака“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани