Дејан Ловрен
призна дека сакал да си замине од редовите на Ливерпул ова лето, меѓутоа ги
прифати причините на неговиот тренер Јирген Клоп да остане во тимот.
30 годишниот
хрватски дефанзивец веќе го загуби првотимскиот статус во дефанзивната линија
на европскиот првак, која е исполнета со Ван Дајк, Матип, како и Гомез, на
позициите каде тој може да настапува, тој остана во Ливерпул и покрај тоа што
беше близу до преселба во Рома.
„Размислував да
си заминам, знаев дека веќе го дадов максимумот за Ливерпул, како и најдоброто
од себе за тој клуб, ја освоив Лигата на шампионите и не сум фудбалер кој сака
да седи на клупата за резерви и да заработува пари“ вели Ловрен во изјавата за
хрватскиот весник „Спортске Новости“.
„Се чувствувам
среќен бидејќи постојано ја чувствував поддршката од Ливерпул кон мене, тоа го
почитувам многу, Клоп во една прилика ми рече „Слушај, ти си фудбалер од топ
класа, ние нема да дозволиме да си заминеш на позајмица, потребен си ни“. Сакав
да си заминам, до тоа не дојде, ми беше кажано дека сум му потребен на клубот и
го прифатив тоа“ додаде Хрватот.