Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито привлече внимание со необичен потег, обидувајќи се да стави крај на кризата што го следи тимот во последниот период.
Соочен со серија повреди и разочарувачки резултати, првиот човек на клубот повикал свештеник во просториите на Лацио, со цел да им даде благослов на фудбалерите и стручниот штаб.
Проблемите во редовите на римјаните се наталожија по поразот во градското дерби со Рома, а листата на повредени играчи растеше од недела во недела и во еден момент стигна и до десетмина што беа принудени да отсуствуваат, што секако беше огромен проблем.
Во таква состојба, Лотито одлучи да побара и поинакво решение, надевајќи се дека овој чекор ќе донесе позитивен пресврт во продолжението од сезоната.