Претседателот на
Лацио, Клаудио Лотито посочи дека би прифатил плејоф против Јувентус за
Скудетото, обата клуба се на првите две позиции на табелата во „Серија А“, со
тоа што Јувентус има бод предност во однос на составот од Рим на 12 кола до
крајот на сезоната.
Идејата за
плејофот произлезе од евентуалната неможност актуелната сезона во Италија да
нема реална можност да се комплетира, меѓутоа интересен е ставот на Лотито во однос
на Интер, за кого индиректно посочи дека нема место во таа идеја, иако „Нероаѕурите“ имаат меч помалку досега во однос на двете водечки екипи.
„Ние ризикуваме
да го бутнеме системот во случај да не ја продолжиме сезоната, некои клубови
веќе подготвуваат документи со кои ќе се објават ризиците кои би се презеле“
вели Лотито за „Ла Република“.
„Доколку сезоната
се прекине, јас би бил во Лигата на шампионите, а со тоа ќе спасам четири
месеци за плати, тоа би било убедувачко за мене да не продолжиме да играме,
меѓутоа јас размислувам за целокупниот систем, другите не го прават тоа“ додава
тој, а потоа се осврна на идејата за плејофот.
„Денеска, ние сме
на еден бод до Јувентус, а само поради тоа со Јувентус-Интер, вие го видовте
сето тоа, на првиот меч со Јуве победивме со 3-1, ги победивме и во Сукеркупот,
имаме уште еден меч во лигата против нив“ подвлече Лотито.
„Со сета почит,
но тим како Интер, кој има осум бода помалку од нас, или Аталанта со 14, вие
кажете ми дали тие би требало да бидат приклучени во плејофот, јас би прифатил
плејоф за Скудетото, но, никогаш не сум направил проблем околу тоа“ посочи првиот
човек на Лацио.