„Лошото момче“ Бен Арфа распали по Мурињо и Симеоне: Го убиваат фудбалот, за среќа….

by
1 минути читање

Жозе Мурињо е
еден од најуспешните тренери, а и Диего Симоне може да се пофали со солидни
резултати на кормилото на Атлетико Мадрид, но двајцата стратези не се по мерак
на Атем Бен Арфа.

„Лошото момче“ на
ПСЖ, кое беше еден од најголемите таленти во својата генерација но никогаш не
прерасна во голем играч, вели дека дефанзивниот пристап на Португалецот и
Аргентинецот го убиваат фудбалот.

„Многу тренери измислуваат
фудбал со оправдување дека тие се во потрага на систем со кој ќе го
неутрализираат противникот“
– вели Бен Арфа во разговор со Франс Фудбал.

„Но тоа не е
суштината на фудбалот. Тренери како Мурињо, Симеоне…“

„Нивната
филозофија е спротивна од онаа на Кројф, и со нив повеќе нема простор за
задоволство, нема спектакл. Едноставно го убиваат фудбалот“.

„Фудбалот е
спактакл, луѓето доаѓаат на стадионите да се забавуваат, мораме да мислиме и на
нив“.

„За среќа ја
имаме Барселона! Без Барса, фудбалот е мртов“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани