Лоши вести за Манчестер Сити и Габриел Жесус

by
0 минути читање

19-годишниот бразилски фудбалер имаше почеток од соништата на кариерата во Манчестер Сити, со неколку голови и асистенции веднаш му го зема местото на Кун Агуеро, но немаше среќа тоа да потрае.

На синоќешното гостување кај Борнмоут, Жесус по само 15 минути го напушти теренот поради повреда на стапалото.

Информациите велат дека Жесус има пукнатина на петтата метатарсална коска на стапалото, повреда поради која би требало да биде надвор од теренот од два до три месеци.

Тоа значи дека за Габриел Жесус сезоната можеби е завршена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани