Лоши вести за Баерн Минхен

by
1 минути читање

Германскиот првак Баерн Минхен во наредните три недели ќе
биде ослабен во своите редови за капитенот Томас Милер.

28 годишниот офанзивец се повреди на саботниот меч против
Хамбургер, каде неговиот тим обезбеди минимална победа од 0-1, а тој мораше да
биде заменет по само десет минути игра во второто полувреме.

Според информациите кои пристигнуваат, повредата на Милер
во моментите на асистенцијата до Толисо за голот за победа била посериозна од што се очекувало, па токму затоа се предвидени три седмици за рехабилитација.

Со тоа, Милер ќе пропушти четири средби, од кои две
против Лајпциг, една во купот, една во првенството, како и дербито против
Борусија Дортмунд. Истовремено Баерн Минхен нема да може да смета на него на
гостувањето кај Селтик во Лигата на шампионите. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани