Лоши вести за Манчестер јунајтед, добри за Македонија

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Манчестер јунајтед нема да може да смета на Патрик Доргу во следните 10 недели, со ваква прогноза, левиот бек ќе го пропушти и натпреварот помеѓу Данска и Македонија во баражот за Светско првенство.

Патрик Доргу во последно време игра поофанзивно, и левиот бек одлично се снајде во новата улога, постигна голови во победите на Манчестер јунајтед над Манчестер Сити и Арсенал.

Сепак, тој се пожали на болки на „Емирати“, а деталните тестови покажаle дека повредата е посериозна од првичните прогнози, се очекува Патрик Доргу да биде надвор од терените и до 10 недели.

Ваквите вести се лоши за Манчестер јунајтед, но и добри за Македонија, левиот бек нема да биде во комбинација за пресметката против Данска во баражот за Светско првенство.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×