Лоши прогнози за Мбапе, докторите предвидуваат дека за да се опорави му треба точно колку што остана до СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Повредата на коленото на Килиан Мбапе создава сериозна дилема во Реал Мадрид во период кога се ближи Светското првенство. Според проценките на лекарите, на францускиот напаѓач му се потребни околу 100 дена за целосно закрепнување, а до стартот на Мундијалот останува речиси исто толку време.

Мбапе неодамна беше во Париз на дополнителни лекарски прегледи, каде што е потврдена дијагнозата што претходно му ја постави медицинскиот тим на Реал. Тренерот Алваро Арбелоа се надева дека напаѓачот ќе биде подготвен за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, но евентуалниот брз камбек носи голем ризик.

Од почетокот на 2026 година Мбапе пропушти четири натпревари и беше надвор од терените околу 20 дена. Вечерашниот дуел со Селта ќе биде уште еден натпревар без него, а дури и кога настапува, јасно е дека не е на своето препознатливо ниво, што се чувствува и во играта на „кралевите“.

Сега клучната одлука е на самиот фудбалер. Тој ќе мора да пресече дали ќе ризикува со побрзо враќање за да му помогне на Реал или ќе се фокусира на целосно закрепнување за потенцијален настап на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×