По успешниот
настап со репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев, Илија Несторовски и
Александар Трајковски доживеаја разочарување со своите клубови.
Горан Пандев од
клупата за резерви гледаше како Аталанта ја демолира Џенова на Луиџи Ферарис.
Конти и Гомез
донесоа предност за гостите од 0-2 на полувреме, а откако Пинила за неколку
секунди заработи два жолти картони и исклучување во 60. минута, гостите го растурија
противникот.
Гомез постигна
два нови погодоци за хет-трик а во листата на стрелците се запиша и Калдара за
убедлива победа од 0-5.
Илија Несторовски
и Александар Трајковски беа стартери но не му погнаа на својот тим да избегне
нов пораз.
Гонзалез ги
донесе домаќините во предност од 1-0 во 26. минута, но Каљари во вториот дел
направи комплетен пресврт со двата гола на Иноита и погодокот на Бориело.
Милан киксираше
на гостувањето кај Пескара и одигра само 1-1 против фенерџијата.
Фиорентина со 1-0
ја совлада Болоња, а изненадување приреди Кротоне со победата од 1-2 кај Киево.
Во првиот денешен натпревар, Торино и Удинезе одиграа 2-2.