Лорис: Математиката е едноставна, мора да го победиме Лајпциг на негов терен

by
1 минути читање

Но, Тотнем минатата сезона решаваше и потешки задачи. Како и против Лајпциг, загубија на домашен терен од Ајакс, а холандскиот тим поведе и со 2-0 во Амстердам, но Спарс ја анулираа предноста која во тој момент изнесуваше три разлика, го добија мечот со 3-2 и се пласираа во финалето.

„Треба да извадиме се што е позитивно од тој меч, но мислам дека тоа припаѓа на минатото, сега е потребно да испишуваме нови приказни“, вели Лорис.

„Треба да одиме таму и да бидеме подготвени да одиграме перфектен натпревар, едноставно е, треба да победиме на мечот, тоа е математиката“.

„Но противникот е многу, многу добар. Не сум изненаден што се борат за титулата во Бундеслигата“.

„Но треба да веруваме. Лигата на шампионите е поинакво натпреварување. Ако постигнете еден гол се може да се промени, самодовербата може да се промени, па мора да бидеме подготвени за оваа борба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×