Лорис Кариус по цела полусезона како слободен агент потпиша со култен германски клуб

by 24 фудбал
1 минути читање

Искусниот германски голман Лорис Кариус конечно пронајде клуб, откако летоска се раздели со Њукасл Јунајтед.

31-годишникот беше слободен агент во потрага по нова средина, меѓутоа некое време не успеваше да ја пронајде. Сега се договори и потпиша договор со екипата на Шалке 04 до крајот на сезоната. Кариус е веќе во Гелзенкирхен каде што беше официјално промовиран во култниот германски клуб кој во моментов е второлигаш.

Во сениорската кариера Кариус бранеше за Мајнц, Ливерпул, Бешикташ, Унион Берлин и Њукасл.

Тој се „прослави“ во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година кога поради два негови огромни кикса Ливерпул загуби од Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани