87
Велс обезбеди минимална победа на гостувањето кај
Грузија, во претпоследното, деветто коло од групата „Д“ од квалификациите за СП
Русија 2018.
Единствениот гол на мечот го постигна Томас Лоренс во 49.
минута а тимот на Крис Колман играше без првата ѕвезда на тимот, Герет Бејл.
Интересна ситуација следиме во оваа група, Србија вечерва
(20,45) гостува кај Австрија и уште на тој меч, со евентуална победа може да го визира учеството на
Мундијалот во Русија, со оглед на тоа што моментално има бод предност пред
својот најголем ривал во оваа група за првото место, Велс.