„Лордот“ повторно
е во центарот на вниманието поради работи кои не се поврзани со фудбалот. Како
што пренесуваат медиумите од Данска, напаѓачот во раните утрински часови
нападнал таксист во Копенхаген.
Од полицијата
потврдуваат дека реагирале при пријава за напад, но не го откриваат името на
лицето кое било приведено. Сепак, од такси копманијата од која бил возачот велат дека се работи за Никлас Бендтнер.
„Можам да
потврдам дека ноќеска бил извршен сериозен напад врз еден наш возач. Тој во
моментов е на операција, му била скршена вилицата. Утрово го известивме
директорот за инцидентот“ – вели портпаролот на „Дантакси“, Расмус Крохин.
„Напаѓачот е
пријавен во полиција и можеме да потврдиме дека се работи за Никлас Бендтнер“.