Лопетеги: Одигравме одлично прво полувреме, во вториот дел Македонците беа подобри

by
1 минути читање

Шпанија со полн
плен си заминува од Скопје, славеше победа од 1-2, но истата се чини ја обезбеди
по првото полувреме каде низ целосна доминација во играта стигна до водство од
0-2, можеби клучно на мечот.

Одигравме добар
натпревар, како тим ги земавме сите три бода од мечот што ни беше приоритет,
задоволен сум во целост од прикажаното на моите фудбалери
“ изјави селекторот на
Шпанија, Хулен Лопетеги на прес конференцијата по мечот.

Во првото
полувреме одигравме одлично, можевме и трет гол да постигнеме и да ја завршиме
приказната овде, во вториот дел тие беа подобри, имавме шанси и во второто
полувреме но не ги искористивме, мораме да бидеме задоволни од конечниот исход

додаде Лопетеги.

За дуелот кој
претстои на Шпанија, Лопетеги издвои дека е рано да се мисли на тоа, претстои
одмор за неговата репрезентација и мошне важно во моментов е освојувањето на
трите бода против Македонија.

За Шпанија следен
предизвик е дуелот со Италија предвиден да се одигра во Мадрид на 2. септември,
директен дуел за првото место во нашата квалификациска група, место кое води
директно на Мундијалот во Русија идната година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани