Лофтус Чик тешко се повреди на мечот со Парма, беше опериран и покажа како изгледа од болница! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Рубен Лофтус Чик успешно беше опериран откако заработи тешка повреда на натпреварот против Парма на „Сан Сиро“. Од клубот соопштија дека интервенцијата поминала без компликации и дека се очекува пауза од околу осум недели.

Англискиот играч за врска се судри со голманот Корви, по што остана да лежи на тревникот и со носилки беше изнесен од теренот, а потоа пренесен во болница. Сцените предизвикаа загриженост кај навивачите, но по операцијата стигнаа охрабрувачки вести.

Лофтус Чик се огласи и преку социјалните мрежи, испраќајќи порака до јавноста:

Ова беше тежок удар, но најлошото е зад мене. Од срце му благодарам на медицинскиот тим кој професионално и со грижа ми помогна во изминатите часови. Посебна благодарност и до навивачите за бројните пораки, ги прочитав, ги почувствував и ми дадоа неверојатна сила. Благодарам и на моите соиграчи, ние сме тим, ние сме семејство. Сега одиме понатаму кон нашите цели, силно и обединето. Заедно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×