„Граѓаните“ се
елиминирани откако ВАР беше на помош на Тотнем. На „Етихад“ имаше два спорни
моменти, голот на Љоренте за 4-3 и погодокот на Стелринг за 5-3 во последните
минути од мечот.
И додека одлуката
да се поништи погодокот на Стерлинг поради офсајд на Агуеро во зачетокот од акцијата
е исправна, голот на Љоренте е контроверзен со оглед на тоа дека Шпанецот ја
закачи топката со рака.
„Јас сум голем поддржувач на ВАР“ – изјави Пеп Гвардиола по крајот на мечот.
„Но Љоренте играше со рака. Можеби на судијата му покажаа друг агол па тој
процени дека се е регуларно, но од еден агол убаво се гледа дека игра со рака“.
„На судиите мора
да им се помогне, јас сум за фер фудбал, кога е офсајд е офсајд. Голот на Стерлинг беше од офсајд“.