Љоренте го реши Ливерпул со два гола па го крсти кучето Енфилд (ФОТО)

by
1 минути читање

Голем број на
фудбалери имаат необични имиња за своите миленици. Кучето на Алваро Арбелоа се
вика Роналдо, Иско пак го крсти своето куче Меси. Санти Казорла реши својот
миленик да го вика Златан, а Швеѓанецот е заслужен и за името на кучето на
Марк ван Бомел.

Листата сигурно е
долга, а ново име на неа е Маркос Љоренте. Шпанецот минатиот месец го имаше
мечот на кариерата кога на гостувањето кај Ливерпул постигна два гола и го
елиминираше актуелниот шампион во ЛШ.

Фудбалерот на
Атлетико Мадрид реши своето куче да го крсти Енфилд, името на култниот стадион
на „црвените“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×