Медиумите од „островото“ откриваат дека Ливерпул и Њукасл договориле трансфери на Ентони Гордон и Џо Гомез, но клубот од Сент Џејмс Парк се откажал во последен миг и решил на друг начин да ги балансира сметките.
Ова лето често се говореше за можноста поранешниот фудбалер на Евертон, Ентони Гордон да заврши во редовите на лутиот градски ривал Ливерпул.
Последните информации велат дека начелно бил договорен негов трансфер на Енфилд вреден околу 75 милиони фунти.
Како дел од зделката, Њукасл требал да го купи Џо Гомез од Ливерпул за 45 милиони фунти.
Сепак, клубот од Сент Џејмс Парк се предомислил во последен миг, и решил на друг начин да ги балансира сметките и да се стави во ред со правилата на Премиерлигата за финансиски фер плеј.