Ливерпул замената за Салах ќе ја бара во Бундеслигата, на ум има две имиња

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Ливерпул на ум има две имиња од Бундеслигата како опции за замена на Мо Салах, прва желба е Мајкл Олисе од Баерн Минхен и Јан Диоманде од РБ Лајпциг.

Иднината на Мо Салах на Енфилд е под голем знак прашалник, Египјанецот има голем пад во формата, па често се говори дека неговите денови во црвениот дрес се одбројани.

Последните информации велат дека Ливерпул замената за Мо Салах ќе ја бараат во Бундеслигата.

Прв на листата со желби е Мајкл Олисе, но Баерн Минхен во овој момент не сака да слушне за продажба на репрезентативецот на Франција.

Планот Б е младиот Јан Диоманде, кој бележи одлични партии оваа сезона во дресот на РБ Лајпциг, и се промовираше во еден оа најперспективните фудбалери во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×