Ливерпул за него плати рекордна сума, а преселба на „Енфилд“ му била само втора опција

by bojan
1 минути читање

Директорот на Баер Леверкузен, Фернандо Каро вели дека Ливерпул не бил првиот избор на Флоријан Вирц, Германецот преферирал преселба на „Сантијаго Бернабеу“, но никогаш не пристигнала понуда од Реал Мадрид.

Флоријан Вирц стана најскапиот трансфер во историјата на Ливерпул и Премиерлигата кога во јуни месец за неговите услуги беа платени фантастични 116 милиони фунти.

Но како што открива Фернандо Каро, преселба на „Енфилд“ била само втора опција.

„Семејството Вирц и Флоријан знаеја дека нашиот главен приоритет беше да му го обновиме договорот. Изминатово лето бевме внимателни со платите, но за него бевме подготвени да направиме исклучок, бевме подготвени да го поместиме границите и да сториме се за да го продолжиме договорот. И во еден период се чинеше дека ќе успееме во ова, но на крајот Флоријан реши дека сака да замине“ – вели генералниот извршен директор на Баер Леверкузен.

„Тој дефинитивно ќе се преселеше во Реал доколку Чаби Алонсо доставеше понуда. Но Чаби Алонсо има помало влијание во Мадрид отколку кај нас. Главен квалитет му беше тоа што беше способен да соработува со нашиот тим на скаути и да дефинираат кои играчи ни се потребни. Но во Реал за трансферите одлучува Флорентино Перез, а не Чаби Алонсо“.

ФОТО: X/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×