Ливерпул за 20 милиони продава фудбалер кој има само 4 настапи во 5 години

by bojan
1 минути читање
Ван ден Берг

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Ливерпул ќе го продаде Сеп ван ден Берг за 20+ милиони фунти, Брентфорд и Леверкузен сериозно загризале за дефанзивецот.

„Црвените“ го купија Сеп ван ден Берг во 2019 за 4,4 милиони фунти, но дефанзивецот никогаш не се наметна посериозно во првиот тим и може да се пофали со само 4 настапи за 5 години.

Но и покрај ова, Ливерпул добро ќе заработи од неговата продажба.

Како што пренесуваат медиумите од „островото“, се очекува до крајот на преодниот рок, Сеп ван ден Берг да направи трансфер вреден 20+ милиони фунти.

Брентфорд и Баер Леверкузен се клубовите кои сериозно загризале за дефанзивецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани