Лудница со шест гола на „Еланд Роуд“: Ливерпул во 96. минута остана без победа! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Ливерпул во еден драматичен натпревар одново остана без победа одигрувајќи 3-3 против Лидс.

Се што беше интересно во денешниот натпревар се случи во второто полувреме кога беа постигнати сите шест гола.

Прво засилувањето Екитике набрзина постигна два гола во 48-та и 50-та минута и не изгледаше дека до крајот ќе има драма. Сепак, Лидс возврати на ист начин со два гола во две минути. Калверт Луин од пенал намали во 73-татата минута, а потоа Стач се погрижи за 2-2.

Ливерпул во продолжение успеа да се соземе и преку Собослаи во 80-тата дојде до ново водство, а на крајот и тоа не беше доволно за да ги освојат трите бода бидејќи Танака во 96. минута по еден корнер погоди за конечни 3-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×