Ливерпул последен пат бил шампион на Англија во 1990 година, долго време чекаа повторно да седнат на тронот и конечно дочекаа.
На Ливерпул му требаат уште две победи за да стане шампион, во случај ако и Манчестер Сити победува.
Но, денешниот пораз на Манчестер Сити значи дека тие уште во следното коло можат официјално да бидат шампиони на Англија и тоа на теренот на градскиот ривал, Евертон.
На Ливерпул му треба уште шест бода разлика со Манчестер Сити за да ја завери титулата.
Манчестер Сити игра во среда заостанат меч со Арсенал на Етихад, а во сабота го пречекува и Барнли од редовното коло, во тоа Ливерпул му гостува на Евертон.
Најоптимистичкото сценарио за Ливерпул е Манчестер Сити да ги загуби и двата натпревари, тогаш тимот на Клоп би бил шампион и пред да го почне мечот со Евертон, но тоа е речиси неверојатно.
Сепак ако Манчестер Сити загуби на еден од тие два натпревари, или пак ги одигра нерешено двата меча, Ливерпул со победа над Евертон на Гудисон Парк ќе ја завери шампионската титула.
Ливерпул својот меч со Евертон го игра следниот понеделник, дотогаш ќе знае дали ќе имаат шанси на Гудисон Парк да му се израдуваат на големиот трофеј.
Многу е извесно и дека Ливерпул ќе стане шампион на Англија кој најрано ја заверил титулата. Рекордот го држи Манчестер јунајтед на Сер Алекс Фергусон од сезоната 2000/01, тогаш тие станаа шампиони на 14. април. Ливерпул има уште повеќе од еден месец да го сруши тој рекорд.