Ливерпул во недела ќе го игра првиот натпревар по смртта на Жота

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Ливерпул во недела против Престон ќе го игра првиот натпревар по смртта на Диого Жота, а средбата ќе биде од пријателски карактер.

Натпреварот комплентно ќе биде во знакот на португалскиот фудбалер. Иако ќе се игра на стадионот на Престон ќе се интонира химната на Ливерпул в чест на Жота.

Пред почетокот на натпреварот претставницитте на домашниот клуб ќе положат и венец пред фановите на Ливерпул, додека дуелот ќе започне со минута молк.

Фудбалерите на двете екипи ќе носат и црни ленти на ракавите. Исто така на видео бимот на стадионот ќе бидат прикажани најдобрите моменти од кариерата на Жота.

Натпреварот ќе се игра во терминот од 16:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×