Ливерпул во напредни преговори за трансфер на Фрејзер уште во јануари, Борнмут има посебно барање

by
1 минути читање

Според
известувањата на „Толк Спорт“, Ливерпул е во напредни преговори околу можноста
крилото Рајан Фрејзер да се пресели на „Енфилд Роуд“, а тоа би можело да се
случи уште во јануарскиот преоден рок.

Борнмут барем
досега не успеа да го договори еден од своите најдобри, а можеби и најдобар
поединец во составот за продолжување на соработката, актуелниот договор на 25
годишниот Шкотланѓанец истекува идното лето.

Јасна е
ситуацијата во Борнмут, доколку во брз период не се случи некаков пресврт околу
прашањето со иднината на Фрејзер, клубот ќе ризикува да остане со празни раце
од неговото заминување идното лето.

Неофицијалните
информации кои пристигнуваат од Островот, велат дека Борнмут во преговорите со
Ливерпул има барање Хери Вилсон да биде вклучен во договорот помеѓу обете
страни.

22 годишниот Велшанец
одлично се адаптираше во Борнмут каде игра како позајмен фудбалер токму од
Ливерпул, а неговата позајмица истекува идното лето.

Извесно е дека
барем засега во Ливерпул нема некоја желба да го врати Вилсон во својот состав,
но останува дилемата околу личните амбиции на Велшанецот кој игра во одлична
форма.

Што се однесува
пак до Фрејзер, тој на големо се поврзуваше со трансфер во Арсенал изминатиот
летен преоден рок, во новата сезона не може да се пофали со добри изданија, во
досегашните 12 кола од Премиерлигата успеа да постигне еден погодок, односно
две асистенции во 11те настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×