По четири години во Лајпциг, Вернер ќе го напушти германскиот клуб, Ливерпул е во пол позиција за потписот на 24 годишниот фудбалер.
Вернер во договорот со Лајпциг има откупна клаузула од 60 милиони евра која Ливерпул треба да ја плати. Се веруваше дека работата е речиси завршена, остануваат уште само формалните работи, но се чини дека сега не е така.
„Гардијан“ дознава дека Ливерпул побарале уште некое време пред да решат дали ќе ја активираат откупната клаузула и ќе го комплетираат трансферот на Вернер.
Се верува дека економската криза која ја носи коронавирусот ќе има влијание на цените на фудбалерите на трансфер пазарот, би требало тие да паѓаат бидејќи клубовите нема да можат да си го дозволат огромните суми кои беа актуелни во изминатиот период.