89
По ремито на домашен терен против Севилја, Ливерпул овој
пат ремизираше и на гостувањето кај Спартак Москва, а први во водство на овој
натпревар дојдоа домаќините.
Сепак, тимот на Јирген Клоп треба да жали за пропуштената
шанса, а најголемата за победа се чини дека ја имаше Мохамед Салах, кој имаше
неверојатна прилика да му донесе три исклучителни важни бода на својот тим во
самиот финиш од средбата, но неговиот удар со глава по една нафрлена топка
заврши само во рацете на домашниот голман.