Ливерпул собра бодови колку Манчестер јунајтед и Арсенал заедно а тие имаат и меч повеќе

by
1 минути читање

Навивачите на Ливерпул многу долго чекаат да се израдуваат на шампионската титула, последен пат прваци на Англија биле во 1990 година.

Откако во минатата сезона Клоп им ја донесе титулата во Лигата на шампионите, оваа сезона изгледа дека ќе ги предводи до толку посакуваниот трофеј во Премиерлигата.

Ливерпул синоќа со 4-0 го победи Лестер на негов терен и уште еднаш покажа колку е моќен оваа сезона.

По 18 одиграни натпревари Ливерпул има дури 17 победи и само еден нерешен натпревар. Собраа вкупно 52 бодови.

Колку за споредба, Манчестер јунајтед (28) и Арсенал (24) заедно имаат освоено 52 бодови оваа сезона и тоа го имаат направено со по натпревар повеќе од Ливерпул кој има за доигрување дуел со Вест Хем поради настапот на Светското клупско првенство.

Ливерпул со натпревар помалку има 13 бодови повеќе од второпласираниот Лестер.

Тимот на Клоп има 14 бодови повеќе од актуелниот шампион Манчестер Сити, со нив имаат ист број на натпревари бидејќи „граѓаните“ вечерва му гостуваат на Волвс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×