216
Ливерпул има
минимална предност на гостувањето кај Лестер во дербито на 19 коло во Премиерлигата, а евентуална победа за
составот на Јирген Клоп ќе има голема важност во битката за титулата во тој
шампионат.
Голот за водство
на европскиот првак го постигна Фирмино во 32. минута по одличната асистенција
на Александер-Арнолд.
Моментално,
Ливерпул како што стојат работите на „Кинг Пауер“ арената со 52 бода има дури
13 бода предност во однос на второпласираниот на табелата Лестер, односно 14
бода во однос на бранителот на титулата Манчестер Сити.